Новиот “Роналдо” од следната сезона ќе игра во Јувентус

Следната сезона Јувентус во своите редови ќе го има Жоао Феликс. Според информациите, трансферот го одобрил и Кристијано Роналдо и со тоа му ја отворил вратата на својот сонародник кој моментално игра во Бенфика. Жоао Феликс може да се пофали со одлично одиграна сезона во дресот на португалскиот прволигаш.

Иако Феликс има само 19 години, настапил веќе 39 пати со својот тим, при тоа постигнувајќи 18 гола и 9 асистенции.

Овој португалски фудбалер беше на листата на интереси и на Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, но според информациите, речиси сигурно кариерата ќе ја продолжи во Јувентус.

Бенфика за Феликс бара 70 милиони евра, но не се исклучува и веројатноста дека ќе го препушти и за 10 милиони помалку.

Награден напис

Мурињо ја открива најважната работа за Бејл

Португалскиот стручњак Жозе Мурињо вели дека главната цел на Тотенхем е да го усреќи Герет …

Интер тргнува во лов на Агуера, Аргентинецот го напушта Сити како слободен играч

Интер ќе се обиде да го донесе Серхио Агуеро следната година, пренесува италијанскиот Калчомеркато.Челниците на …

Забрането е копирање на текст!