Новиот рекорд во Нирбургринг сега го држи Mercedes-AMG GT Black Series

Најдоброто време на познатата германска патека Нирбургринг Нордшлајфе во категоријата производни автомобили повеќе не го носи Lamborghini Aventador SVJ.

Гласините беа вистинити, затоа што на почетокот на ноември, Mercedes-AMG GT Black Series, управувана од германскиот тркач Маро Енгел, рикна низ познатиот „зелен пекол“ за шест минути и 43.616 секунди, што е ново најдобро време во категоријата на Нирбургринг Нордшлајфе.

Најновиот AMG од нивната позната Black Series постигна рекордно време во кругот долг 20,6 километри со што го симна од тронот Aventador SVJ на Ламборџини (покрај потенцијалот на моторот и намалената тежина) помогнато од оптимално подесената комбинација на адаптивна суспензија и аеродинамички компоненти. На бандажите беа гумите Michelin Pilot Sport Cup 2R MO на кои портокаловиот AMG ќе им биде доставуван на идните клиенти.

Mercedes-AMG GT Black Series (Kraftstoffverbrauch kombiniert: 12,8 l/100 km, CO2-Emissionen kombiniert: 292 g/km), 2020, Outdoor, Nuerburgring Nordschleife, AMG magmabeam // Mercedes-AMG GT Black Series (combined fuel consumption: 12,8 l/100 km, combined CO2 emissions: 292 g/km), 2020, Outdoor, Nuerburgring Nordschleife, AMG magmabeam

За потсетување, Mercedes-AMG GT Black Series се напојува со 4-литарски V8 битурбо мотор со 730 КС и 800 Nm максимален вртежен момент, што е доволно двоседот од 0 до 100 km / h да постигне за 3,2 секунди и да развие 325 km / ч.

Претходна Oppo ги претстави новите очила AR Glass
Следна Се продава Eleanor Shelby GT500 од филмот Gone In 60 Seconds

Награден напис

Археолозите ја пронајдоа досега најстрашната гробница во Египет

Археолозите неодамна јужно од Каиро открија гробница стара 2.500 години, исполнета со бројни магични изреки …

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Don`t copy text!