Поминаа 4 години од првата најава на SUV возило со 3 реда на седишта со комплетен луксуз од BMW. Баварците го претставија својот најлуксузен теренец со ознака X7. Ќе се произведува во фабриката на BMW во САД, и првите возила би требало да се очекуваат до март следната година, заедно со последната генерација на серија 3.
Основните карактеристики на новиот теренец покрај големата предна маска специфична за BMW, се и задните врати, поголеми по големина од предните со што ќе се олесни пристапот на патниците до вториот и третиот ред седишта. Со вкупна должина од 5,15 метри и ширина 3,1 метар, простор сигурно нема да недостасува.
На американскиот пазар ќе се нуди најјаката верзија на X7 xDrive 50i, со 4,4 литарски бензиски V8 мотор, додека за европскиот пазар ќе се испорачува со ознаката xDrive 40i. И двете верзии ќе имаат автоматски менувач со 8 степени на пренос, воздушно адаптивно бесење е стандардна опрема.
Освен во бензиска верзија, на европскиот пазар ќе се испорачува и со две дизелски верзии, со ознаките 30d и појаката M50d.
Под троделниот стаклен панорамски кров се крие енормно комфорна внатрешност. Инструмент таблата е од 12,3 инчи TFT дисплеј, преку кој се управува со мултимедијалниот систем. Стандардна опрема е и 4 зонскиот систем, кој посебно грее и лади.
И покрај трите реда на седишта багажниот простор сè уште е голем со дури 1376 литри.
Награден напис
Mercedes-Benz Sprinter трансформиран во луксузна канцеларија
Познатата тјунинг куќа Klassen го претвори Mercedes-Benz Sprinter во луксузна мобилна канцеларија која е опремена …
Маестралниот Верстапен славеше во Мајами
Холандскиот возач Макс Верстапен славеше на Големата награда на Мајами во петтата трка од сезоната …