На интернет неодамна протекоа податоци што се најверојатно податоци од бенчмарк мерењата за новата серија на процесори на Intel. Станува збор за „Rocket Lake“, серијата која требаше да излезе на пазарот по серијата Comet Lake-S, што само укажува дека Интел сака да сериозно да побрза со тестирањето и потоа да ги лансира новите процесори.
Која е причината за ваквото брзање на Интел?
AMD. Поточно, серијата 4000 на процесори Ryzen на AMD. Интел е свесен дека, ако ништо не направи на подобрување AMD ќе земе уште поголем удел на пазарот, што е нешто што Intel не треба да си го дозволи доколку сака да остане конкурентен.
За што станува збор и каква е серијата на процесори Rocket Lake?
Rocket Lake е 11-та генерација на процесори на Intel кои допрва треба да пристигне на пазарот. Ова е серија која ќе има 8 јадра и 16 нишки.

Но, со оглед на состојбата на процесорот и тестирањето, под претпоставка дека бенчмаркот е точен, станува збор за процесор кој е многу веројатно во почетната фаза на тестирање. Најверојатно ќе биде прототип модел. Уште една информација што се појави упатува на архитектурата на новата серија. Интел би можел и серијата Rocket Lake да ја дизајнира на 14-нанометарска архитектура.
Што е најинтересно за овој бенчмарк? Најинтересно е што најверојатно ќе ја видиме новата серија „Rocket Lake“ на пазарот многу порано од првично планираното. Ова е секако добра вест за корисниците и самиот пазар, бидејќи не би било добра идеја да се остави AMD сам долго време на пазарот.
Интел може да изненади и наместо да промовира една серија, всушност да промовира две серии на своите процесори.
Она што е евидентно е дека ако Intel сака да остане конкурентен на пазарот, мора да стори нешто наскоро и тоа треба да биде многу добро. Серијата AMD Ryzen 4000 на AMD, која исто така ќе пристигне на пазарот подоцна оваа година, и понатаму ќе бранува.
Доколку Intel сака да ја забави популарноста и продажбата на AMD процесорите (што досега не успеа, особено во последните две години), она што им е потребно на клиентите е добра, квалитетна и не премногу скапа серија на процесори.