Нуркањето на големи длабочини во проѕирна подморница можеби звучи како сцена од филм за Џејмс Бонд, но благодарение на технолошкиот напредок, ваквите подводни авантури сега се реалност.

Сепак, за навистина да се возите во ваква подморница, мора да имате на располагање милиони долари.
Како голем придонес кон подводниот туризам, луксузна подводна компанија со седиште во Флорида ја испорача првата подморница од акрилен труп за шест лица, која може да достигне длабочина и до 1.000 метри.
Опишан како „салон под морето“, Тритон 3300/6 има најголем про проѕирен простор за патници во светот, со дијаметар од 2,5 метри, што обезбедува импресивен подводен поглед за оние што ќе се најдат во неа.
Внатрешноста на подморницата вреди дури 5,5 милиони долари, а таа е пропорционална на кабината на приватниот авион Cessna Citation CJ2 за шест патници. Овој климатизиран простор може да издржи подводни екскурзии што траат повеќе од десет часа.
Иако беа потребни две години за да се произведе подморницата, претседателот на компанијата Тритон, Патрик Леји, рече дека на неговиот тим му биле потребни десет години да изгради ваква подморница.
“Тоа е многу возбудлив развој, бидејќи сега докажавме дека можеме да произведуваме возила што ќе превезуваат шест лица на длабочина од 1.000 метри. Но, не застануваме тука. Работиме на пловило кое ќе превезува три лица на длабочина поголема од 2.000 метри и продолжуваме со пловилоо што ќе се нурне до 4.000 метри со две лица “, изјави Леји за Си-Ен-Ен.