Новак Ѓоковиќ по четврти пат прогласен за најдобар спортист на светот

 

Новак Ѓоковиќ вечерва е по четврти пат прогласен за најдобар спортист на светот и ја доби наградата Лауреус.

Конкуренција му беа Лука Модриќ, ЛеБрон Џејмс, Килиан Мбапе и Луис Хамилтон.

“Нелсон Мандела убаво рекол дека спортот говори со универзален јазик и дека има моќ да го смени животот на многу млади луѓе. Фондацијата Лауреус го прави токму тоа. Ги отстрануваат препреките со кои се сретнуваат младите луѓе и им помагаат да се снајдат и да го најдат своето место во спортот. Заради тоа многу млади луѓе се пронаоѓаат во спортот и можат да се поистоветат со борбата на своите спортски херои”, изјави Ѓоковиќ на црвениот килим пред доделувањето на наградата.

Новак ја освои оваа награда и во 2012, 2015 и 2016 година.

 

Претходна Зидан би го преземал Челзи доколку му бидат исполнети три барања
Следна Valkyrie Project ќе биде најголемата јахта на светот

Награден напис

Ѓоковиќ го престигна Надал и постави импресивен рекорд

Обично на тенисерите по 30-тата година полека им опаѓа формата, и само неколку успеваат да …

Скај Спортс состави тим од 11 одлични играчи кои сè уште немаат клуб

Трансфер периодот заврши, но клубовите сепак можат да доведат играчи кои моментално се слободни. Sky …

Забрането е копирање на текст!