Ни Aston Martin не остана имун на SUV трендот

Иако брендовите кои од секогаш важеле за производители на спортски, брзи и ниски автомомобили се трудеа да се држат до традицијата, сепак еден по еден се приклучуваат кон трендот на производство на SUV возила.
Производителите како Jaguar, Ferrari, Lamborghini, веќе ги презентираа своите адути во SUV категоријата.
Така и од Aston Martin решија да се приклучат на групата со својот модел Varekai.
Ќе се прозведува во фабриката во Велс и Британците очекуваат нивниот SUV да биде најдобро продаван. Го најавуваат за 2020 година, со нагласок дека ќе биде најлуксузниот спортски SUV.
Иако информациите што циркулираат се штури, се најавува дека Varekai ќе го придвижува моторот од спортските модели DB 11 и Vantage, 4 литарски biturbo V8 мотор, но се очекува дека ќе има и хибридна верзија.



 

Претходна Royole им ги измеша сметките на Samsung и на Huawei
Следна Audi TT ќе биде со 4 врати

Награден напис

Force Citiline е индиски теренец со 10 седишта

Форс Моторс е индиски производител на автомобили основан во 1958 година под името Bajaj Tempo …

Мансори го претвори Mercedes G-Class во „купе“

Mansory планира да произведе само осум примероци, а секој клиент може детално да го специфицира …

Don`t copy text!