Никол Ман стана првата Индијанка во вселената

Американската астронаутка Никол Ман (45) стана првата домородна Американка која отпатува во вселената.

Ман е член на четиричлениот екипаж кој отпатува до Меѓународната вселенска станица, а лансирањето на ракетата Фалкон 9 на SpaceX се случи од Флорида.

Астронаутката за Би-Би-Си пред патувањето изјави дека се надева дека оваа мисија ќе ги инспирира идните генерации на домородните Американци да ги следат нивните соништа.

Таа е припадничка на племето Ваилацки, а во текот на нејзината кариера акумулирала големо искуство летајќи со различни авиони на американските маринци. Таа е добитничка на шест медали за служба во армиијата, а била и во Ирак и Авганистан. Таа ја заврши обуката за астронаути во 2015 година и оттогаш ја чека својата шанса да патува во вселената. Таа претходно беше наведена за патување со капсулата Starliner на Боинг, но имаше одложувања, па НАСА ја префрли во мисијата Crew 5.

Crew 5 барем привремено ќе го зголеми бројот на луѓе на ISS на 14.

Астронаутот Џон Касада, Јапонецот Коичи Вакта и руската космонаутка Ана Кикина отпатуваа со Ман до ISS.

Кикина е единствената жена меѓу руските космонаути, а нејзиното присуство претставува продолжување на договорот меѓу Русија и САД. Двете земји ветија дека ќе испратат екипажи во орбитата и покрај тензиите околу руската инвазија на Украина.

Ман, Касада и Кикина никогаш претходно не биле во вселената, додека Ваката е искусен и веќе четири пати патувал.

Crew 5 ќе помине шест месеци на ISS, додека Crew 4 се враќа дома на 12 октомври.

Претходна Новиот живот на легендата
Следна Еве колку пати неделно жените сакаат СЕКС

Награден напис

Археолозите ја пронајдоа досега најстрашната гробница во Египет

Археолозите неодамна јужно од Каиро открија гробница стара 2.500 години, исполнета со бројни магични изреки …

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Don`t copy text!