Низ Швајцарија „вози“ најдолгиот патнички воз, има дури 100 вагони

По повод 175-годишнината, швајцарската железничка компанија RhB го собори рекордот за најдолг патнички воз во светот.

Низ спектакуларните швајцарски Алпи неодамна помина воз составен од 100 вагони кој се протегаше на дури 1.910 метри.

Иако има неколку подолги товарни возови, ова е најдолгиот воз кој досега превезувал патници, според швајцарската компанија, а подолг е и неколку стотици метри од возот кој го собори овој рекорд во 90-тите години на минатиот век во Белгија.

Во швајцарскиот црвен воз имаше 150 патници кои имаа можност да уживаат во прекрасните пејсажи на швајцарскиот кантон Граубинден.

Црвениот воз сообраќал од Преда до Тусис – ова е едно од најубавите железнички патувања во светот, кое се протегало на околу 25 километри.

Претходна Porsche 911 GT3 STI со мотор на Subaru е ѕвезда на шоуто SEMA
Следна Дали знаете кој народ прв тостирал леб?

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!