Тренерот на Барселона, Сетиен изјави дека не сака сценарио според кое ќе се прекине натпреварот во Ла Лига и неговиот клуб ќе ја земе титулата затоа што во моментов е прв.
Каталонците пред паузата имаа два бода предност пред Реал Мадрид, а никој не знае кога или дали воопшто ќе продолжи шампионатот.
„Не го сакаме тоа, јасно е. Сакам да ја освојам титулата на теренот. Можеби ќе ни ја дадат титулата, но не сакаме. Не би се чувствувал како шампион, иако имаме два бода во врвот. Ова е многу тешка ситуација за сите, ненормално, спортот не е сега приоритет “, изјави Сетиен за Марка.
Како потсетување, откако се одигра 27-то коло од Ла Лига, Шпанците го прекинаа шампионатот поради пандемија на коронавирус.