Многу параметри влегуваат во равенката наречена квалитет на сексуалниот живот. Нездрава исхрана, несоница, стрес, се само некои од факторите.
- Стрес. Константното ментално напрегање и грижи може да му наштетат на вашето комплетно здравје. Телото е под константен напад на хормоните на стрес долг временски период и покрај тоа што му штетат на општото здравје, ѝ штетат и на вашата желба за секс. За да го смените тоа и да му помогнете на вашето тело, а со тоа и на вашето либидо, применувајте прошетки, јога, гледајте весели филмови, правете сè за да ги елиминирате или барем да ги намалите стресните моменти.
- Нездрава исхрана. Хранењето со фаст фуд, полнењето на телото со рафинирани јаглехидрати, едноставни шеќери и транс масти, доведува до успорување на циркулацијата на крв во вашиот организам, а со самото тоа до слабеење на ерекцијата кај мажите но и циркулацијата на крв во женскиот полов орган. Помогнете му на вашиот организам со многу овошје, зеленчук, билни протеини, и тоа ќе ви врати со здрав сексуален апетит.
- Премногу сол. Кога користите храна со многу сол во континуитет, тоа може да доведе до зголемување на крвниот притисок, а со тоа до намалување на либидото. Избегнувајте храна полна со натриум, вклучително и сол, и употребувајте зачински билки. Ќе го стабилизирате високиот крвен притисок, а со тоа ќе си го вратите либидото.
- Ја прескокнувате предиграта. Докажано е дека предиграта игра важна улога во сексуалниот живот. Никогаш не ја прескокнувајте. Истражувања покажуваат дека сексот кој во себе вклучува и предигра е драстично подолг и поквалитетен. Користете различни типови на стимулации. Користете орален секс, взаемна мастурбација.
- Несоница. Еден од поголемите убијци на сексуалниот живот. Долготрајна несоница доведува до драстично намалување на либидото.
- Разговарајте со партнерот. Комуницирајте меѓусебно со партнерот, кажувајте си ги желбите, фантазиите. Експериментирајте и збогатете ја разновидноста на сексуалниот чин.