Мажите постари од 40 години кои немаат редовни сексуални односи се изложени на поголем ризик од еректилна дисфункција.
Еректилната дисфункција е трајна или повремена неспособност да се постигне и одржи ерекција соодветна за да се овозможи сексуална активност. Тоа е нарушување кое во голема мера ги зафаќа сите сфери од животот на мажот. Ова нарушување е присутно и кај мажи помлади од 40 години, но во помала мера.
Само четири отсто од припадниците на помладата популација се соочуваат со овој проблем. Покрај ризикот од еректилна дисфункција, зголемен ризик од рак на простата имаат и мажите кои немаат редовни сексуални односи.
Истражувањата покажаа дека почестите ејакулации го намалуваат ризикот од оваа болест и го зачувуваат здравјето на простатата.
Здравиот сексуален живот го зачувува машкото здравје во целост. Истражувањата покажаа дека луѓето кои имаат редовен однос имаат и понизок крвен притисок, поздраво срце и крвни садови. Експертите од оваа област сметаат дека ризикот од срцев удар е намален за дури 50 отсто, а истото важи и за мозочниот удар.
Редовниот сексуален однос, освен што го намалува стресот, позитивно влијае и на несоницата.
Тоа е и добра физичка активност која помага за одржување на телесната тежина, а бидејќи согорува калории, придонесува и за губење на тежината.
Она што е исто така важно е да имате постојан партнер, бидејќи честите врски со различни партнери влијаат на сексуално преносливите болести, од кои не можете целосно да се заштитите.