Не постои ништо полошо од тоа да имате проблеми со забите, а притоа не ви се расипани. Тогаш е време за посета на стоматолог.
Ова се неколку причини зошто може да ве болат забите, иако немате кариес.
- Претерувате со четкање на забите. Без сомнение мора да се грижите за своите заби, но сепак, не претерувајте со четкањето. Грубото четкање може да ја оштети глеѓта и да направи непцето да почне да се повлекува и да го открие коренот на забот. Ако ве болат забите кога пиете или јадете нешто ладно, тоа може да значи дека забот или забите ви се премногу откриени. Сами не може да направите ништо, но стоматологот може да го пломбира откриеното место и да ја спречи болката.
- Имате инфекција на непцето. Овој проблем е многу чест. Според статистиката за САД, дури 30 % од луѓето на возраст од 30 години имаат проблеми со непцето. Кога телото нема да може да се справува со бактериите и инфекциите што се насобрале околу забите, доаѓа до воспаление кое предизвикува отекување и болка. Ако ве снајде ваков проблем, време е за посета на стоматолог.
- Сте претрпеле удар во забите. Сигурно си мислите дека би знаеле дека сте добиле удар во забите и затоа ве болат, но болката на забите од удар може да се појави и после неколку години. Можеби забот ви напукнал и му требало повеќе време за да почне да ви создава проблеми, или на нервите им требало подолго време за да изумрат. Како и да е, заб на кој му изумреле нервите се познава по промената на бојата. Во секој случај, посетата на стоматолог е задолжителна – тој ќе знае што треба да се прави. Дали ќе ви постави коронка или пак ќе го извади забот и проблемот ќе го реши со мал мост.
- Имате воспаление на синуси. Во периодот на активни алергии или грип, воспалението на синусите лесно може да ги нападне забите, да направи притисок на нивниот корен и да предизвика болка. Во оваа ситуација не е решение стоматолог, туку лекар кој ќе ви го реши проблемот со синусите.
- Чкрипите со забите додека спиете. Оваа ситуација може да предизвика ронење на забите, па дури и кршење. Овој проблем најчесто настанува заради несовпаѓање на горната и долната вилица кога ви е затворена устата. Ако не се подредени како што треба, болката од чкрипењето е неизбежна. Решението на оваа ситуација е стоматолог да ви даде штитник за заби кој ќе ги постави горната и долната вилица во правилна линија. Повеќе за овој проблем прочитајте овде.
- Имате пукнат заб. Забите може често да напукнат или да се скршат бидејќи сте гризнале нешто тврдо или со устата сте удриле во нешто. Ако забот ви е напукнат ќе чувствувате болка секогаш кога гризете, пиете ладна или топла течност. Стоматологот ќе знае точно за што станува збор и како да го реши проблемот.