Последниот натпревар во СЕХА лигата, ракометарите на Вардар, на гости, иако некомплетни, релативно лесно извојуваа победа против Извиѓач, со резултат 28:31.
Вардарци играа со значително намален состав, без Горбок, Дибиров, Борозан, Криштопанс, Скубе, Дизингер и Игор Карачиќ.
На полувреме Вардарци заминаа со +6 (7:13) и до крајот му дозволија на Извиѓач само да го намали поразот.
По овој натпревар Вардар треба да се сконцентрира на натпреварите во фајнал фор, но и на осминафиналната пресметка против загрепчаните.