Има безброј написи што ве советуваат што треба да направите за да дојдете до возбудлив секс, но малку од нив ви кажуваат што занемарувате при сексот. Еве неколку факти за тоа што сè занемаруваме при сексот, а може битно да влијае на квалитетот на сексуалниот чин.
Одреден број луѓе сметаат дека секогаш кога имаат секс тој треба да заврши со оргазам и мора да е фантастичен. Ова е еден од најчестите, но и најштетните митови за сексот. Ако вашиот партнер доживеал оргазам, не секогаш значи дека сте супер во сексот. И обратно, ако партнерот не ви доживеал оргазам – не укажува дека сте лоши.
- Мозокот е најважниот полов орган. Најдобриот секс се случува тогаш кога имате длабока емотивна поврзаност со партнерот. Скоро 48 % од мажите и 39 % од жените сметаат дека љубовта е најдобриот фактор за добар секс. Без оглед дали сте константно вљубени во вашиот партнер или тоа е моментално чувство.
- Комуникацијата е многу важна. Сте го запознале вашиот идеален партнер, лудо сте вљубени, но сепак сексот некаде чкрипи. Зошто? Од витално значење е константно да го одржувате каналот за комуникација со вашиот партнер, за да ги надоместите или поправите грешките при сексот. Кажувајте ги желбите и потребите. Укажувајте на грешките.
- Разновидноста е забавна. Дури и јадењето на најубавата храна секој ден ќе ви здосади. Така и во сексот. Практицирање на исти рутини секогаш, без и малку да се смени нешто или да се воведе нешто ново во сексот, го уништува сексот. Рутината е лоша.
- Користете “играчки”. Помислата дека секоја жена може да доживее оргазам само по пат на пенетрација е тотално погрешна. Статистиката вели дека дури 7 од 10 жени имаат потреба од додатна стимулација при сексот за да доживее оргазам. За да осигурате задоволство кај двата партнери, користете секс играчки. Зголемете го стимулирањето на осетливите делови во половата регија. Ќе имате прекрасен секс.
- Моќта на бакнувањето. Многу парови го занемаруваат овој детаљ. Сепак, да напоменеме дека бакнувањето е влијателен фактор во поврзувањето и воспоставувањето на интимност.
- Лубриканти. Тие го прават сексот секогаш подобар. Го намалуваат триењето при сексуален однос, а со тоа ја намалуваат болката во одредени ситуации. Го надополнуваат намаленото природно подмачкување при секс.
Никогаш не ги занемарувајте деталите што ви ги наведовме и ќе имате прекрасен, забавен секс, секогаш.