Неверојатниот Халанд против Јунајтед постави рекорд кој ретко кој некогаш ќе го собори

Вчера Манчестер Сити го совлада Манчестер Јунајтед во градското дерби со резултат 6:3 на крилата на Илинг Халанд.

Неверојатниот Норвежанец учествуваше во пет од шесте постигнати гола на неговиот тим, а со тоа постави нов рекорд кој тешко дека некогаш ќе го достигне.

Имено, Халанд против Јунајтед го постигна третиот хет-трик сезонава, а за тоа му беа потребни само осум натпревари.

Претходниот рекордер беше легендарниот Мајкл Овен. За постигнувањето на Халанд доволно говори податокот дека на поранешниот најдобар играч на светот му беа потребни 48 натпревари за три хет-трика во Премиершип.

Халанд постигна три гола против Кристал Палас и Нотингем Форест, а веќе има хет-трикови во Премиершип, исто колку и Кристијано Роналдо, Џејми Варди, Дидие Дрогба и Френк Лампард.

Серхио Агуеро има најмногу хет-трикови во англиското првенство – 12, но доколку Халанд продолжи да игра на ова ниво, нема сомнеж дека во блиска иднина ќе го собори тој рекорд.

Претходна Nissan Patrol Nismo на Manhart развива 650 КС
Следна Брус Вилис ги отфрли наводите дека ги продал правата на својот лик поради дијагнозата на афазија

Награден напис

Римац Невера постави нов брзински рекорд за возење во рикверц!

Откако последователно соборуваше светски рекорди, Римац Невера сега почна да се менува. Хиперавтомобилот Rimac Nevera, …

Првите снимки на универзумот од европскиот вселенски телескоп Еуклид

Европскиот вселенски телескоп Еуклид денеска ги објави своите први снимки, откривајќи блескава маглина во облик …

Don`t copy text!