Ѕвездата на Oklahoma City – Расел Вестбрук, ќе мора да паузира најмалку еден месец заради артроскопија на коленото, соопштија од тимот.
Седум пати одбран во All star екипата, 29 годишниот Вестбрук после четири недели ќе мора да оди на додатни испитувања за да се утврди дали ќе може да игра или ќе му треба дополнително време за закрепнување.
Тоа е помалку од една недела пред почетокот на сезоната, која Oklahoma City ја отвара против актуелните прваци Golden State Warriors на 16 октомври.
Вестбрук го повреди коленото во 2013 година и имаше три операции во истата година. Сепак, изминатите четири сезони ги одигра со отсуство од само 20 натпревари.
Минатогодишниот просек му е 31.6 коша по натпревар, 10.7 скокови и 10.4 асистенции.