НБА екипа на продажба

Професионалниот кошаркарски тим во НБА, Феникс Санс лани играше во големото финале на плеј-офот и годинава имаше најдобар сооднос победи-порази, а сега ќе го менуваат сопственикот.

Имено, сопственикот на Санс, Роберт Сарвер изјави дека бара купувачи откако лигата го суспендираше на една година.

Сарвер е казнет и финансиски со 10 милиони долари, сето тоа поради расистички коментари и непримерен јазик и „сексистичко однесување“ кон вработените.
„Зборовите за кои длабоко жалам ги засенија две децении градење организации кои ја зајакнаа целата област Феникс. Како верник, верувам во патот на простувањето, но во сегашната клима која не простува, ми стана болно јасно дека тоа не е можно Што и да е добро што сум го направил или би го направил, останува во сенка на она што го кажав во минатото. Затоа, го започнав процесот на барање купувачи и за Санс и за тимот на ВНБА Меркјури“, објави Сарвер.

Да потсетиме, Сарвер ги купи Санс во 2004 година за 401 милион долари, а моменталната вредност на клубот се проценува на 1,8 милијарди долари.

Претходна Volkswagen ID Buzz Cargo ја освои наградата за комбе на годината за 2023 година
Следна Мистериозно сино суштество на дното на морето ги збуни научниците

Награден напис

Volkswagen ID Buzz Cargo ја освои наградата за комбе на годината за 2023 година

На Volkswagen ID Buzz Cargo му беше доделена престижната индустриска награда „Меѓународно комбе на годината …

Локхид Мартин и го испорача најмоќниот ласер на американската војска

Компанијата Локхид Мартин и испорача ласер од 300 kW на американската армија, што значи дека …

Забрането е копирање на текст!