На сцената пристигна седмата генерација на Mustang

Со седмата генерација на најпродаваниот спортски автомобил во светот, на задоволство на традиционалистите, мануелниот менувач и 5-литарскиот V8 мотор остануваат во приказната.

Легендарниот „коњ во галоп“ на Форд стигна до своето седмо издание, а во Дирборн се потрудија најновиот Mustang да го донесе со себе она по што е познат повеќе од пет децении.

Овој пат Mustang ќе се нуди во два каросериски стила (Coupé и Cabrio), а основен мотор под долгата предна хауба повторно е 2,3-литарски EcoBoost четирицилиндричен турбобензинец, за кој Ford тврди дека е целосно нов во споредба со моторот на претходната генерација.. Порасипнички, но посоодветен на филозофијата на Mustang, секако е звучниот 5-литарски V8 мотор (Coyote), кој ја достигна својата четврта еволуција.

Ford се уште ги нема објавено техничките податоци и перформансите кои ги обезбедуваат споменатите мотори, но веќе е познато дека во случај на мотори со помалку цилиндри, клиентите ќе можат да сметаат само на 10-брзински автоматски менувач. Со V8 приказната, опција е и автоматски менувач, бидејќи помоќниот Mustang ќе се нуди стандардно во комбинација со 6-брзински мануелен менувач. Преносот на моќноста во сите варијанти оди исклучиво на задната оска.

Заедно со многу опционална опрема и многу опции за персонализација, новиот Mustang доаѓа и со поинаку дизајниран ентериер кој со себе носи значително поквалитетни материјали и помалку аналогии, бидејќи наместо класичната табла со инструменти зад воланот, има сега адаптивен дисплеј од 12,4 инчи, кој е проследен со дисплеј од 13,2 инчи на мултимедијален систем со висока резолуција.

Новиот Mustang во продажните салони би требало да пристигне кон средината на следната година, а паралелно со стандардните верзии, Ford веќе ја подготви Dark Horse S верзијата, која претставува Mustang кој се уште може да се користи на јавните патишта, но е оптимизиран за перформанси најдобро на кружните патеки. Неофицијално, 5-литарскиот V8 во овој случај развива околу 500 КС.

За крај, и информацијата дека Ford со тркачкото GT3 издание на новиот Mustang во 2024 година ќе биде меѓу учесниците на легендарната трка 24 Hours of Le Mans, на која последен пат „галопирачкиот коњ“ учествуваше пред 27 години.

Претходна Хиперсоничните авиони на Хермеус ќе бидат изработувани со помош на 3Д принтер
Следна Наташа Беквалац и Сара Џо позираа голи и го поддржаа одржувањето на Европрајд во Белград

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!