Вечер на сцената кај Долни Сарај во Охрид во Охрид единаесет музичари од Охрид и Струга ќе одржат концерт со хитови на светски познатата рок група „Пинк Флојд“.
Проектот е насловен „NUMB Tribute to Pink Floyd“, а учесници ќе бидат Димитри Алчев (гитара и вокал), Анатоли Арнаудоски (гитара), Ѓорѓи Калајџиевски (тапани), Владомир Кречоски (бас гитара), Никола Јосифоски (сајзери), Ангелко Јовчески (перкусии), Горан Папазоски (саксофон), Ѓоко Танески (вокал) и Ана Костадиновска, Сара Николовска и Весна Илиќ Павловска како пратечки вокали.
Концертот е подготвуван неколку месеци. Ќе се изведат безвременски хитови како „Shine on your crazy diamond“, „Learning to fly“, „Hey you“, „Another brick in the wall“.
„Пинк Флојд“ е една од највлијателните и најуспешни рок-групи на сите времиња.
Награден напис
Пролет со Digipath: одржани бесплатни онлајн работилници за деца
Оваа пролет едукативниот центар „Едуфронт“ организираше серијал од 4 бесплатни, воведни работилници за дигитални вештини …
Научниците со тврдење дека децата кои повеќе личат на својот татко отколку на нивната мајка се многу поздрави
Најважно за секој родител е неговото дете да биде живо и здраво при раѓањето, а …