Секоја чест на исклучоците, но луѓето генерално избегнуваат да зборуваат за своите сексуални фантазии. Некои луѓе велат дека немаат никакви фантазии поврзани со сексот, но други пак велат дека имаат чести и бурни фантазии на таа тема.
Магазинот HuffPost, според разговори што ги направиле со сексуални работнички и нивните искуства, ги претставуваат најчестите сексуални фантазии
- Секс во тројка. Самците и паровите често фантазираат за секс во тројка. Некои луѓе велат дека ги возбудува помислата на испреплетени тела. Оваа фантазија ја зачинува сексуалната игра во спалната соба.
- Доминантност и потчинетост. Чести се луѓето што бараат доминантна или потчинета личност. Најчесто мажите се тие што сакаат да доминираат, но има и случаи каде што бараат да бидат потчинети во сексот. Доминантните ги возбудува помислата дека доминираат над некого во сексот, бараат да им се исполнуваат сите наредби и желби, додека потчинетите ги возбудува помислата некој да има контрола врз нив и сексуално да доминира.
- Повеќекратни оргазми. Тоа е фантазија во која најчесто мажите фантазираат за тоа жената да ја доведат повеќе пати последователно до оргазам.
- Гледање додека партнерот има сексуален однос со друг. Оваа фантазија ја имаат подеднакво и мажите и жените. Колку и да звучи чудно, болката што се чувствува додека го гледате партнерот со друг, кај нив раѓа задоволство.