Најскапата плажа во Црна Гора

Некогашната Мала плажа во Будва, во Црна Гора веќе неколку години е дел од луксузниот комплекс Дукљански градини, а многумина сметаат дека цените се превисоки дури и за богатите гости.

Два кревети, чадор, чинија со овошје, чинија со остриги, шампањ, неколку шишиња вода, како и право на користење дрвена маса и неколку столчиња, ќе добиете доколку верувале или не потрошите дури илјада евра.

Сепак, на оваа „мини плажа“ може да се помине и за помалку пари, односно за 250 евра. За тие пари ќе го добиете „основниот пакет“: две лежалки и чадор за сонце и можете да ги користите цел ден, без дополнителни трошоци.

Ќе имате право на нешто побогато „сместување“ доколку платите минимум 450 евра. Оваа привилегија за туристите со подлабок џеб вклучува и две лежалки и чадор за сонце, но овој пат добивате и шише шампањ од 0,75 литри, чинија со овошје и четири чаши вода.

За „премиум пакетот“ ќе треба да потрошите 500 евра, додека најлуксузниот пакет чини 1.000 евра. Разликата е главно помеѓу лежалки и кревети со подвижен горен дел за перници.

„Овој пакет вклучува, како што веќе напишавме, луксузен кревет плус дневна соба (што и да значи тоа). Шампањ Перињон. Додека го пиете вашето пенливо вино, персоналот во бели униформи ќе ви послужи чинија полна со овошје, но не било какво овошје. Ова се избрани шумски плодови, не купени на локалниот пазар. Токму кога мислите дека тоа е висината од рајските задоволства, најдоброто доаѓа следниот дел – чинија со остриги, четири шишиња вода и корпа за подарок“, вели нашиот извор.

Претходна Звучи привлечно и романтично, но ова го прави сексот на плажа многу лоша идеја
Следна За првпат трофеј од Вимблдон и за Кенија

Награден напис

Археолозите ја пронајдоа досега најстрашната гробница во Египет

Археолозите неодамна јужно од Каиро открија гробница стара 2.500 години, исполнета со бројни магични изреки …

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Don`t copy text!