Најпознатите митови за машкото тело и сексуалност

  •  

Големината на стапалото на мажот укажува на големината на неговиот пенис? – Па… не баш.

За мажите, исто како и за жените, има многу митови поврзани со нивното тело, почнувајќи од должината на стапалото, па до сексуалниот живот. Доктор Арон Керол од Универзитетот Индијана е коавтор на книга во која се обидел да разбие некои од најчестите митови за мажите.

  1. Мит: мажите помислуваат на секс на секои седум секунди. Керол вели дека ниту еден човек не може да има такви ментални перформанси. Според најопсежното истражување на таа тема кое го спровел Едвард Лауман во 1994 година, 43 отсто од мажите едвај и да помислуваат на секс еднаш во денот. Повеќето мажи на тоа мислат неколку пати неделно до неколку пати месечно, гледано во глобална смисла.
  2. Мит: самците имаат подобар сексуален живот од оженетите мажи. Според врежаното мислење, оженетите мажи немаат којзнае колку квалитетен сексуален живот, додека пак самците имаат секс на секој чекор. А всушност – е обратно. Според истражување на aмериканскиот Национален центар за истражување на мислењето, оженетите мажи имаат секс 28 до 400 отсто повеќе од самците, зависно од тоа на која возраст се. Освен тоа, жените што се во брак многу полесно доживуваат оргазам, а благодарение на тоа оженетите мажи имаат многу поразновиден сексуален живот и многу почесто имаат орален секс.
  3. Мит: машката сперма е полна со калории. Рејчел Вриман, колешка на Керол од Универзитетот Индијана, уверува дека семената течност е всушност вода со хранливи материи како витамин Це, калциум, магнезиум, фруктоза и енергетска вредност од само пет до седум калории.
  4. Мит: Ако често ја бричите брадата и главата, влакната/косата ќе ви биде поздрава, погуста и побрзо ќе расте. „Кога ова би било вистина, многу лесно би го решиле проблемот со ќелавоста кај мажите“, вели д-р Керол.  Ако по бричењето влакненцата ви изгледаат потемни, подебели и погусти, тоа е илузија затоа што сè уште не излегле на површината и не се изложиле на сонцето и на другите елементи кои ги трошат.
  5. Мит: мажите со големи стапала имаат голем пенис. Вистината е дека за развојот на пенисот и прстите на нозете (како и на клиторисот и прстите на рацете) е одговорен еден ист ген, но должината на едното нема никаква врска со должината на другото. Според Керол, во едно истражување во кое учествувале 3000 мажи, воопшто не е пронајдена врска помеѓу величината на стапалото и величината на пенисот. Во друго истражување спроведено во болницата Св. Мери во Лондон, стручњаците ја споредувале величината на стапалото со гениталиите кај 104 волонтери. Ни во ова истражување не била пронајдена никаква врска помеѓу овие две, наоди што се потврдуваат и во повеќе нови истражувања на оваа тема.
Копирањето на содржината е забрането!