Најновото продолжение на култниот Терминатор го доби првиот трејлер

Се појавија првите кадри од продолжението на Терминатор, научно-фантастичниот филм со кој многумина пораснаа. Продолжението го носи насловот “Terminator: Dark Fate” и во него ќе имаме можност да ги видиме и легендите од првото продолжение од пред 35 години.

Ова ќе биде шестото продолжение на култната франшиза во кој после второто продолжение со наслов “Terminator 2: Judgment Day” за прв пат ќе се обединат Арнолд Шварценегер и Линда Хамилтон.

Новото продолжение е во режија на Тим Милер, познат по остварувањето на “Deadpool”. Продуценти се познатите Џејмс Камерон и Дејвид Елисон.

Продолжението ќе ги следи случувањата од 1991 година.

Многу детали за новото продолжение нема.

Актерската екипа на “Terminator: Dark Fate”, освен Шварценегер и Хамилтон, ја сочинуваат и Мекензи Дејвис, Наталија Рејес, Габриел Луна и други.

Премиерата е закажана за 1 ноември оваа година.

Претходна “Pocket Rocket” – необичен електричен велосипед
Следна Новата скапа играчка на Кристијано Роналдо

Награден напис

Новата мега јахта на Џеф Безос снимена на отворено море чини 500 милиони долари

Новата мега јахта на Џеф Безос е снимена на отворено и чини неверојатни 500 милиони …

Русин уништил Lamborghini Urus за да промовира енергетски пијалок

Јутјубер по име Михаил Литвин снимил како крши Lamborghini Urus вреден повеќе од 250.000 евра …

Don`t copy text!