Најновите одела на НАСА за престој во вселената

Дека НАСА забрзано се подготвува за враќање на Месечината во 2024 година покажува и претставувањето на двата нови модели на одела за престој во вселената.

Два инженера на американската вселенска агенција одеа на бината облечени во вселенските одела, презентирајќи ги сите можности што ги нудат. Оделата ќе бидат составен дел на целата програма Артемис.

Според изјавите на НАСА, оделата ќе овозможат полесно движење, наведнување и клекнување при движењето на површината на Месечината.

Едното одело со портокалова боја ќе се користи во вселенското летало, а оделото со бела боја ќе се употребува на површината на Земјиниот природен сателит.

Администрацијата на САД забрзано работи на, како што велат, колонизирањето на Месечината и создавање на појдовна локација за понатамошно истражување и освојување на Марс.

Претходна ABT го набилда Audi RS5 Sportback со неверојатни 503 коњски сили
Следна Топ 3 групи на производи за топење на масни наслаги

Награден напис

Apple патентираше нова верзија на iPod

Apple неодамна поднесе барање за патент за уред многу сличен на iPod. Уредот е наменет …

Valve развива нова Counter-Strike игра, која се очекува наскоро

Поминаа повеќе од десет години од објавувањето на Counter-Strike: Global Offensive, а сега Valve се …

Don`t copy text!