Најдобрите години од животот

Генерално секоја година од животот си има и добра и лоша страна и треба подеднакво да се цени и пази. Луѓето знаат да ги генерализираат работите, па така со време почнуваме животот да го делиме на добра и лоша доба, или да се прашуваме која животна доба е најдобра, во која доба сме најсреќни.
Има најразлични мислења за тоа кое време од животот е најдобро.
Ако се земе предвид мислењето на научниците, ќе добиеме одговор дека две години се дефинираат како најдобри години во животот.
Во истражување спроведено во Германија на 23.000 испитаници на возраст од 17-85 години, научниците пробале да добијат одговор на прашањето – на кои години луѓето се најсреќни.
Истражувачите ги прашувале испитаниците колку се задоволни од животот во моментот и што мислат – колку ќе бидат задоволни за пет години.
Резултатите кои биле добиени покажале дека среќата ја следи линијата во форма на латиничната буква U. Врвот на среќата бил на 23 години, а следниот врв се покажал на 69 години.
Значи, не очајувајте ако сте постари од 23 години, имате уште една шанса да бидете среќни.

Претходна Зошто не би требало да се туширате пред секс
Следна Како успешно да го замените трчањето со одење

Награден напис

Новата мега јахта на Џеф Безос снимена на отворено море чини 500 милиони долари

Новата мега јахта на Џеф Безос е снимена на отворено и чини неверојатни 500 милиони …

Русин уништил Lamborghini Urus за да промовира енергетски пијалок

Јутјубер по име Михаил Литвин снимил како крши Lamborghini Urus вреден повеќе од 250.000 евра …

Don`t copy text!