Изминатите години бевме сведоци на голем број колекции на суперавтомобили, но колекцијата од Бахреин дефинитивно е најдобрата и најбогатата што е прикажана.
Колекцијата е составена од 52 модели, а некои од нив се многу ретки примероци. Во неа има Mercedes CLK GTR, Maserati MC 12, Porsche 911 GT (993), McLaren F1, Ferrari LaFerrari, Porsche 918 Spyder, McLaren P1, Saleen S7, Noble M600, Hennesey Venom GT, Lamborghini Reventon.
Поголемиот дел од автомобилите сопственикот на колекцијата од време на време ги вози. Единствен исклучок е моделот Ford GT 40 кој сè уште ја има фабричката налепница на ветробранското стакло.
Колекцијата ја красат и модели за кои не би претпоставиле дека ќе бидат дел од автомобилското богатство како Morris Mini Cooper и Abarth695 Tributo Ferrari.
Злобниците би рекле дека сепак колекцијата не е комплетна без Mercedes 300 SL Gullwing, Ferrari 250 GTO, Bugatti EB 110, Pagani Zonda.
Со сигурност колекцијата во иднина ќе се зголеми со некои од моделите што недостасуваат.
Награден напис
Mercedes-Benz Sprinter трансформиран во луксузна канцеларија
Познатата тјунинг куќа Klassen го претвори Mercedes-Benz Sprinter во луксузна мобилна канцеларија која е опремена …
Маестралниот Верстапен славеше во Мајами
Холандскиот возач Макс Верстапен славеше на Големата награда на Мајами во петтата трка од сезоната …