Најголемата продавница за флегшипи во светот лоцирана во Шангај ги отвори вратите за Huawei

Huawei беше домаќин на големото отворање на најголемата продавница за флегшипи на Huawei во Шангај на улицата “Источен Нанџинг”. Продавницата се наоѓа во зградата Нанџинг во просперитетниот трговски центар на градот со деловна површина од речиси 5000 м.кв.

Зградата е изградена во 1945 година во Арт Деко стил од страна на британски магнат за недвижнини – г-дин Силас Аарон Хардун. По прецизно реновирање со модерен дизајн и материјали, историската зграда доби нов живот, каде луѓето се забавуваат, учат, споделуваат и иновараат.

„Huawei отсекогаш негувал силна врска со своите клиенти што не е само помеѓу купувачот и продавачот. Нашата компанија има многу подлабока врска со клиентите. Нашата продавница за флегшипи е место каде што ќе се соберат потрошувачите, нашите деловни партнери и развивачите“, вели Ричард Ју, извршен директор на Huawei Consumer Business Group. „Huawei гради зона на беспрекорна поврзаност – Seamless AI life, што им овозможува на потрошувачите да ги истражуваат можностите на AI животот, каде што се испреплетени бескрајното поврзување и IOT“.

Историска зграда, реновирана со модерен дизајн

Зградата е дефинирана како историска зграда од II степен и некогаш била дом на популарната компанија во Шангај – Laou Kai Foo & co. Зградата е сведок на подеми и падови на трговскиот живот во Шангај во текот на изминатите 100 години. Во своето последно реновирање, зградата Нанџинг прерасна во „Градскиот плоштад“ на Huawei.

Huawei ја задржува оригиналната форма и функција на оваа зграда преку иновативен дизајн, така што зградата плени со својот шарм. Овој културно-историски објект е реновиран за да поздрави нова генерација на потрошувачи.

Оригиналната внатрешна архитектура е зачувана, а материјалите како што е декоративниот мозаик terrazzo ја зајакнуваат историската визија на новата зграда.

Целата површина на првиот кат е дизајнирана со големи и транспарентни стаклени прозорци за да овозможи што е можно повеќе природна светлина, што не само што ја намалува потрошувачката на енергија, туку и ги отстранува бариерите помеѓу внатрешниот и надворешниот простор.

Во областа на првиот кат – HUAWEI Seamless AI life, беше користена уметничка просторна поделба. Суспендираниот таван создава чувство на повеќе слоеви. Генијалните дизајнери постигнале рамнотежа помеѓу формата и функцијата, криејќи ги системите за климатизација, пристапните панели и која било помошна техничка опрема.

Seamless AI life

„Благодарение на 5G и AI технологиите, можно е интелигентно и интегрирано корисничко искуство преку Seamless AI life. Зборовите навистина не можат да опишат каква трансформација на нашите животи ќе овозможат. Затоа сакаме потрошувачите да дојдат во нашата продавница за флегшипи и лично да ги доживеат сите удобности што ги нуди претстојниот AI живот што доаѓа наскоро “, рече Херман Жу, CMO на Huawei.

На првиот кат е прикажан целиот асортиман на производи на Huawei, опфаќајќи 12 различни сценарија на потрошувачи. Тука потрошувачите можат да ги тестираат и купуваат производите што ги импресионирале.

Вториот кат открива интелигентно искуство во уште 5 различни сценарија: Smart Home, Mobile Office, Fitness & Health, Easy Travel и Entertainment. Корисниците можат да доживеат интелигентно поврзан живот, благодарение на функциите како што се преминување во домашен режим со еден клик, соработка со повеќе екрани, синхронизација на податоците во реално време, MeeTime и лесно патување. Тие навистина можат да ги видат придобивките од практичноста што ги носи научниот и технолошкиот напредок.

„Градскиот плоштад“ ги поздравува луѓето со блиски интереси

Продавницата за флегшипи има многу јавни места. Дворот во зградата на Нанџинг станува атриум со широки скалила што поврзуваат различни подови и таванска ламба што симулира сончева светлина. Клиентите можат да седат покрај скалите и да се релаксираат или да прошетаат со пријател и да тестираат различни искуства во продавницата.

Социјалните разговори се одвиваат на првиот кат на HUAWEI Community. Продавницата за флегшипи работи со видео-тимот на Huawei и специјално го покани познатиот кинески режисер Онг Ксиашуаи да ги сподели своите возбудливи приказни за правење филмови за време на отворањето.

Третиот кат е домаќин на изложба на фотографии наречена „Clairvoyant Proverb“ по повод големото отворање на продавницата. Таму ќе бидат изложени фотографии од познатото фото студио во Шангај – Wangkai Photograph, како и дела на други локални фотографи, кои го прикажуваат шармот на Шангај и динамичната, на моменти турбулентна, историја на улицата „Источен Нанџинг“.

Продавницата на Huawei исто така ќе биде домаќин на низа бесплатни предавања – секоја недела повеќе од 60 говорници ќе зборуваат на најразлични теми – од видео продукција и програмирање до фитнес и музика. Уметници и експерти за технологија од целиот свет, како и локални уметници, ќе бидат поканети на дружење, состаноци и разговори со развивачите. Со сето ова, Huawei создава заедница за комуникација и споделување, каде што секој корисник може да се придружи.

Продавницата ќе го опфати целиот асортиман на Huawei, а посетителите ќе имаат можност да комуницираат на лице место со околу 200 консултанти кои доаѓаат од различни сфери на животот – спорт, музика, танц, инвестиции и други, на околу 10 различни јазици.

Изградбата на специјализирани центри каде потрошувачите можат да ја допрат иднината на Seamless AI Life, за која работи Huawei, е суштински дел од стратегијата на компанијата за директна комуникација со своите клиенти.

Награден напис

Barrington Pheloung – Theme From ‘Inspector Morse

Barrington Pheloung – Theme From ‘Inspector Morse

Porsche официјално ја претставија новата Panamera

Уникатна симбиоза на контрастите: новата PorschePanameraсега опфаќа уште поширок спектар. Taa ги комбинира перформансите на …

Забрането е копирање на текст!