Најбрзиот автомобил на Audi – RS Q8 преработен од Manhart

RS Q8 е најбрзиот и најмоќниот SUV на Audi досега.

АБТ ја откри својата верзија на SUV RS Q8, а тјунерите од Менхарт се придружија со свој модел.

Менхарт бара дури 280,000 евра за својата значително изменета верзија и ќе има само 10 копии со RQ 900 спецификации. Манхарт подготви широка палета за каросеријата, хауба со јаглеродни влакна со отвори, преден лип спојлер, прагови, проширување на калниците и заден дифузер направен од ист лесен материјал.

Дел од пакетот е нов сет од 23-инчни алуминиумски тркала со со дводелни краци, како и нов издувен систем со четири завршни издувни цевки. Манхарт работеше и на суспензијата, така што RS Q8 е понизок за 30 mm. Внатрешноста може да биде обложена со кожа на Менхарт и Алкантара, а достапни се и специјални патосници и детали во злато.

Најголемите измени се направени под хаубата, каде е сместен 4.0-литарски битурбо V8 мотор кој повеќе не развива 592 КС и 800 Nm вртежен момент, туку 887 КС и 1.080 Nm. За да се справат со дополнителната моќ на моторот, се вградува подобрен осумстепен автоматски менувач преку кој моќта се пренесува на погонот на четири тркала Quattro.

Перформансите на RQ 900 не се познати, но познато е дека фабричкиот Audi RS Q8 достигнува „100“ за 3,8 секунди, до 200 за 13,7 секунди и достигнува максимални 305 км на час.

Благодарение на Менхарт, перформансите секако значително ќе бидат подобри.

Претходна Jacob Gurevitsch – Lovers in Paris
Следна Протече изгледот на првиот гејмерски мобилен телефон на Леново

Награден напис

Археолозите ја пронајдоа досега најстрашната гробница во Египет

Археолозите неодамна јужно од Каиро открија гробница стара 2.500 години, исполнета со бројни магични изреки …

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Don`t copy text!