Најбогатиот град во Русија

Град на несоница и мрак, и град до кој не води ниеден пат. Норилск е град поставен над арктичкиот круг и град кој 8-9 месеци во годината е покриен со снег. Заради синдромот на поларна ноќ кој трае два месеци, анксиозноста, депресијата, несоницата и нервозата се многу честа појава во овој град.
Малку градови се со толку мрачни и ладни зими како Норилск во Русија. Тој е еден од најладните, со температури кои често паѓаат и под 50 степени под нулата. Ладниот период во просек трае 280 дена во годината, а дури 130 денови се исполнети со снежно невреме.
До градот нема пат. Се стигнува со авион, брод или чамец. Додека трае невремето, автобусите за превоз на патници често се расипуваат, но градот секогаш има резервни за да нема застој.
Норилск е град кој се смета за место кое лежи на најголемите наоѓалишта на никел, платина и паладиум. Се смета за најбогат и во исто време најзагаден град во Русија.
Во времето на СССР, во рудниците работеле затвореници, но во денешно време таму работат луѓе кои земаат одлични плати.
Градот има бројни театри, ресторани, кафеани, места каде што жителите можат да го поминуваат своето време.

Претходна Федор од Бајконур замина во вселената
Следна Густав – најголемиот топ некогаш направен во светот

Награден напис

Новата мега јахта на Џеф Безос снимена на отворено море чини 500 милиони долари

Новата мега јахта на Џеф Безос е снимена на отворено и чини неверојатни 500 милиони …

Русин уништил Lamborghini Urus за да промовира енергетски пијалок

Јутјубер по име Михаил Литвин снимил како крши Lamborghini Urus вреден повеќе од 250.000 евра …

Don`t copy text!