Начини на кои дињата го штити здравјето

Дињата е едногодишно растение кое  потекнува од Азија и Африка. Многу е веројатно дека е пренесена во другите делови на светот пред илјадници години. Уште Старите Египќани ја сметале дињата за деликатес. Старите Римјани, а секако и Грците, уживале во нив исто како и ние денес.

Првата земја каде што дињата почнала интензивно да се одгледува е Франција, пред 300 години. Иако не се смета за овошје, плодовите од дињата често се користат за правење компот, џем и мармалад. Од неа може да се направи и овошна салата, а во егзотичните кујни се подготвува салса (сос од диња). Овој сос се служи со риба подготвена на скара и пилешко. Во Индија, зачинето кари од диња се служи со пилешко месо. Во пијалоците често се додаваат топчиња од диња.

Хранлива вредност на дињата

Една порција диња од 150 грама содржи: 53 калории, 0,3 г масти, 13 г јаглени хидрати, 1,4 г растителни влакна, 30% од дневните потреби за витамин А и 78% од дневните потреби за витамин Ц. Кај некои калифорниски сорти биле измерени 100 отсто од дневните потреби на витамините А и Ц.

Ова вкусно овошје е богато со антиоксиданти, холин, зеаксантин и бета каротен, кои обезбедуваат заштита од голем број болести – од настинка до рак. Со оглед на тоа што 90-95% од нејзиниот состав е вода, таа е идеално овошје за хидратација во топлите летни денови. Семките, кои исто така се јадат, содржат протеини, влакна и омега-3 масни киселини во форма на алфа-линоленска киселина.

Лековити својства на дињата

  • Го регулира крвниот притисок.  Дињата содржи влакна, калиум, витамин Ц и холин кои го подобруваат здравјето на срцето. Јадењето храна богата со калиум помага во регулирањето на нивото на натриум, што е важно за лекување на високиот крвен притисок. Калиумот му помага на телото да го ослободи вишокот натриум и на тој начин го намалува покачениот крвен притисок. Калиумот е потребен и за регулирање на рамнотежата на водата, киселинско-базната рамнотежа и невромускулната функција, а исто така игра важна улога во преносот на електричните импулси до срцето. Внесувањето на калиум е поврзано и со намален ризик од срцев удар и губење на мускулната маса. Овој минерал ја зачувува густината на коските и го спречува создавањето камчиња во бубрезите.
  • Го намалува ризикот од астма. Ризиците од развој на астма се помали кај луѓето кои консумираат поголеми количини на одредени хранливи материи. Еден од нив е бета каротенот, кој се наоѓа во жолтото и портокаловото овошје и зеленчук, како дињи, тикви, моркови и зелен лиснат зеленчук како што се спанаќот и кељот. Витаминот Ц заштитува од астма, помага против губењето на кислородот од крвта и го намалува ризикот од алергиски реакции, а дињата го содржи во големи количини.
  • Го заштитува здравјето на очите. Дињата содржи хранливи материи важни за здравјето на очите: бета каротен (од кој се ослободува витаминот А), витамин Ц, лутеин и зеаксантин. Зеаксантинот е важен каротеноид кој се апсорбира во мрежницата на окото каде што делува како антиоксидант и заштита од УВ зраците. Неколку студии покажувале дека каротеноидите го забавуваат деструктивниот процес во мрежницата и ретиналниот пигмент што доведува до макуларна дегенерација (болест на централниот дел на мрежницата што обично се јавува кај постарите лица). Со оглед на тоа што бројни студии покажуваат дека недостатокот на витамините А и Ц може да доведе до глауком и макуларна дегенерација, па дури и слепило, дињата е одличен избор за спречување или забавување на развојот на овие нарушувања.
  • Го регулира варењето. Дињата е лесно сварлива и се препорачува да се јаде на празен стомак или пред другите оброци. Добар избор е и за оние со чувствителен стомак, бидејќи содржи ензими и не ја користи енергијата на телото за варење на храната. Поради изобилството на влакна и вода спречува запек и помага за регулирање на варењето, за одржување на здравјето на дигестивниот тракт и исфрлање на токсините од цревата.
  • Има антиинфламаторно дејство. Холинот е важна хранлива материја во дињата која помага за подобар сон, учење и меморија. Важна е и за одржување на еластичноста на клеточните мембрани, пренос на нервните импулси, искористување на маснотиите и намалување на хроничното воспаление. Редовното консумирање диња помага во намалување на оксидативниот стрес и на тој начин ги намалува воспалителните процеси кои можат да доведат до развој на артритис. Воспалението во телото е поврзано и со појава на метаболички синдром, кој означува група на метаболички нарушувања. Овие нарушувања се манифестираат како отпорност на инсулин, акумулација на масно ткиво во абдоминалната област, висок холестерол и покачен крвен притисок. Истражувањата покажуваат дека жените кои консумираат 350 грама овошје дневно имаат значително помал ризик од развој на овој синдром. Студијата опфаќа диња, јаболка, грозје, лубеница и банани.
  • Ја заштитува кожата и косата. Редовното консумирање диња е одлично за убавината на кожата и косата. Ова се должи на влијанието на витаминот А, кој е неопходен за производство на себум кој ги навлажнува кожата и косата и е неопходен за нивниот раст. Витаминот А е важен за чист тен, а исто така може да помогне во заштитата од УВ зраците кои предизвикуваат побрзо стареење на кожата. Покрај витаминот А, дињата содржи и витамин Ц кој е важен за производство на колаген, кој им дава структура на кожата и косата. Затоа дињата е одлична помош против брчки и предвремено стареење. Освен за храна, дињата може да се користи и директно на кожата и косата како маска или регенератор.

Семки и чај од диња

Семките од диња особено се препорачуваат за бубрежни заболувања, посебно за камчиња. Имаат ефект на ладење и се идеални за консумирање во текот на летото. Во Индија, мелените семки од диња се додаваат во ласи (пијалок од јогурт) и тандаи (ладно зачинето млеко), а цели семиња се ставаат во слатките и халва. Овошјето, семките и маслото од семките се древна медицинска алатка за лекување на разни заболувања како што се кашлица, температура, паразити, стомачни, дигестивни, бубрежни и уринарни нарушувања. За искашлување се користи чај од цветот на дињата.

Претходна Honor Magic V2 е најтенкиот телефон на преклопување во светот
Следна Колку често водите љубов?

Награден напис

Evanescence – Bring Me To Life 

Уживајте во прекрасната музика на нашиот портал и на нашето ново интернет радио. Слушајте музика …

YouTube тестира четбот кој ќе се појавува под клиповите

Видео сервисот YouTube спроведува експеримент кој вклучува нов четбот дизајниран да им обезбеди на корисниците …

Don`t copy text!