Научниците од Велика Британија добија 1,7 милиони фунти за да развијат вакцина против рак на белите дробови.
Вакцината наречена „LungVax“ ќе биде првата вакцина во светот против рак на белите дробови кај луѓето кои се изложени на ризик да го развијат.
Технологијата за новата вакцина ќе биде слична на онаа што се користи за развој на вакцината против коронавирус Оксфорд/АстраЗенека.
„Ракот е болест на нашите тела и на имунолошкиот систем му е тешко да направи разлика помеѓу нормалното и канцерот“, вели професорот Тим Елиот, водечки истражувач за развојот на вакцината.
Да се натера имунолошкиот систем да го препознае и нападне ракот е еден од најголемите предизвици во истражувањето на ракот денес.
„Ако можеме да го повториме видот на успех забележан во испитувањата за време на пандемијата, би можеле да спасиме десетици илјади животи секоја година само во ОК“, додаде Елиот.
Тим од универзитетски научници ќе добијат средства во следните две години за извршување на лабораториски работи и производство на 3.000 дози од вакцината.
Ако лабораториските тестови покажат дека вакцината предизвикува имунолошки одговор, следната фаза е клиничко испитување.
Вакцините против рак работат со обука на имунолошкиот систем да ги препознае клетките на ракот.