Најважно за секој родител е неговото дете да биде живо и здраво при раѓањето, а според новото истражување, бебињата кои повеќе личат на татковците кога ќе се родат, обично се поздрави од оние кои ги преземаат карактеристиките на мајката.
Ова интересно истражување спроведено од Соломон Полачек, истражувачки професор по економија на Универзитетот Бингамтон и Марлон Трејси од Универзитетот во Јужен Илиноис се фокусираше на проучување на 715 семејства, односно деца.
Истражувачите ја анализираа студијата „Кревки семејства и благосостојба на децата“ (FFCW) и открија дека бебињата кои повеќе личат на нивните татковци при раѓањето се всушност поздрави една година подоцна од оние кои повеќе личат на нивните мајки.
Како што објави порталот Your Tango, студијата исто така сугерира дека татковците кои личеле на нивните деца поминувале повеќе време со нив во споредба со татковците кои имале помалку сличност со своите деца, во просек два и пол дена повеќе.
Исто така, истражувачите откриле дека децата кои се родени вонбрачно и кои повеќе личат на нивниот татко при раѓање (како што е утврдено од двајцата родители во одделни интервјуа) биле поздрави до една година од децата кои личат на нивната мајка. Имено, авторите на студијата тврдат дека татковците кои обично поминуваат повеќе време со децата им помагаат на нивната општа благосостојба, вклучувајќи го и здравјето.
„Оние татковци кои ја воочуваат сличноста на бебето со нив се посигурни дека бебето е нивно и затоа поминуваат повеќе време со него“, тврди др. Полачек. „Татковците се важни во воспитувањето на децата, а тоа се одразува и на нивното здравје.
Еволутивната социобиологија ја поддржува оваа теорија со тоа што покажува дека сличноста татко-дете го поттикнува таткото да инвестира време во дружење и ангажирање со детето.