Долгоочекуваната филмска адаптација на приказната Flashpoint ќе започне во март 2021 година, а ќе биде во режија на Енди Мушиети, под чија режија беа снимени две продолженија на популарниот филм „IT“.
Филмот е инспириран од стриповите на Flashpoint, а во него ќе учествуваат најмалку двајца Бетмени – Бен Афлек и Мајкл Китон. Оваа информација ги воодушеви многумина кои сметаа дека Афлек и Китон нема да се вратат во овие улоги.
Заплетот на филмот ќе го следи Бери Ален кој патува во минатото за да спречи смрт на неговата мајка. Покрај тоа што во филмот ќе се појават Афлек и Китон, продуцентите на филмот најавуваат дека во филмот ќе има и низа други популарни ликови од ДЦ.
Премиерата на филмот е најавена за летото 2022 година.