Намалете ги фрустрациите со попладневно спиење

Попладневната дремка или краткиот одмор во некои земји е знак за мрзеливост, додека во други, како на пример Јапонија – е знак за посветеност во работата. Она што е сигурно е дека на сите некогаш ни треба одмор од напорните обврски, а научниците тврдат дека откриле колку минути одмор е потребен за да им се вратите на обврските свежи и енергични.

10 – 20 минути

Според нив, попладневното дремење во траење од 10 до 20 минути ги убрзува рефлексите, го подигнува нивото на енергија и ги избиструва мислите. Тие препорачуваат спиење најмногу 20 минути, затоа што сè што е повеќе од тоа се смета за длабоко спиење.

30 минути

Тешко е да се разбудите од сон по 30 минути, но бенефитот што ќе го добиете е вреден за тоа. Триесетминутен сон го подобрува памтењето, го намалува стресот, ја зголемува концентрацијата, го намалува ризикот од дијабетес, па дури и ризикот од деменција. Научниците тврдат дека по секои 7 будни часови, потребни ни се 30 минути спиење.

60 минути

Сон од 60 минути се смета за длабок сон и ова е веројатно совршено време за спиење за повеќето луѓе, затоа што имаат доволно време да се одморат, да го растоварат мозокот и да го подобрат неговото функционирање. Спиењето од еден час помага во борбата против фрустрација. Меѓутоа, ако е вашето тело премногу уморно, сон од 60 минути може само да ја влоши состојбата и да се разбудите поуморни од пред тоа. Ова се случува заради тоа што за 60 минути телото ќе влезе во фаза на длабок сон и кога ќе се навикне, вие нагло го будите.

90 минути

Со спиење од 90 минути поминуваме низ плитки и длабоки фази на спиење, и ова е, според експертите, совршено за сите луѓе бидејќи му помага и на психичкото и на физичкото здравје, ја подобрува меморијата и креативноста. А најдобро е тоа што после 90 минути спиење нема да се разбудите нервозни.

Награден напис

УЕФА реши сите натпревари да се играат без присуство на навивачи на трибините

Извршниот одбор на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) утврди дека преостанатите реванш натпревари од 16 рунда …

Играчите на Pokemon Go за 4 години потрошиле скоро 4 милијарди долари

Четири години откако играта Покемон Го го освои светот, се лиферуваат информации дека играчите потрошиле …

Don`t copy text!