Навики кои можат да ја намалат машката плодност

Д-р Натали Крафорд, докторка по човечка репродукција, веќе подолго време има свој профил на Инстаграм, каде објавува совети и едукативни видеа за плодноста и други работи за зачнувањето и бременоста. Неодамна ги предупреди сите мажи за пет работи доколку планираат да ја исполнат својата улога како родители.

Пушење
Според неа, одредени лоши навики и тоа како можат негативно да влијаат на квалитетот на спермата, но и да доведат до неплодност.

Таа тврди дека мажите кои планираат да имаат бебиња пред се треба да престанат да пушат цигари, но и марихуана, бидејќи докажано е дека го намалува производството на сперма и негативно влијае на нејзиниот квалитет. Таа, исто така смета дека треба да престанат да користат стероиди или други слични препарати.

Држење лаптоп во скутот

Покрај тоа, таа советува да се исфрли од исхраната внесувањето на масни производи, бидејќи тие содржат многу лоши хемикалии и други состојки кои влијаат на плодноста. А како последен, кој е особено опасен, го истакнува држењето лаптоп во скутот. Крафорд предупредува дека топлината што доаѓа од лаптопот додека работи може да ја зголеми температурата на тестисите. Оваа лоша и честа навика не само што негативно влијае на плодноста, туку и ја зголемува шансата за појава на тумори поради зрачење.

Претходна Стар рецепт за чистење на цревата
Следна Конор Шанахан победи во драматичната трка DMEC во Финска

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!