Непал и Кина заеднички објавија дека Монт Еверест, највисоката планина во светот за 86 сантиметри повисока од претходните официјални податоци. Кровот на светот сега е на висина од 8.848,86 метри.
Досега официјалната висина на Монт Еверест беше 8.848 метри, што беше прифатен резултат на мерењата на индиските научници во педесеттите години од минатиот век.
Ревидирани податоци за висината беа објавени од Кина и Непал откако секоја земја ги испрати своите геодети на Монт Еверест во 2019 и 2020 година.
Дебатата за вистинската висина на врвот се интензивираше во последните неколку години поради загриженост дека постои можност тој да биде намален поради големиот земјотрес во 2015 година.
Непал претходно ја измери висината на Монт Еверест и изнесуваше 8.848 метри, додека Кина изјави дека е 8.848,43 метри затоа што мерењето не вклучува „капаче од снег“.
Тие расправии продолжија со децении, па оваа бројка од 8.848 метри беше прифатена по експедицијата на индиските власти.
Картографите ја користеле оваа бројка до крајот на 90-тите години, и покрај спротивставените истражувања, вклучително дури и 1987 година, кога италијанските експерти забележале висина од 8.872 метри, додека Американците пресметале дека таа изнесува 8.850 метри.
Ревидираната снежна покривка на врвот на Еверест беше заеднички најавена од кинеските и непалските министри за надворешни работи Ванг Ји и Прадип Кумар Гјавали по истражувањето на обете земји.
Кинескиот претседател исто така рече дека двете страни се обврзале на заедничка заштита на Монт Еверест и околината околу него и соработка во научни истражувања.
Сепак, многу планинари и истражувачи тврдат дека не само висината, туку и изгледот на планината се промениле во претходните години, пишува Индипендент.
Така, во 2017 година, еден британски планинар објави дека е срушена едната страна, што всушност беше опишано како последната голема пречка на главната рута до врвот, што го прави потенцијално екстра опасно за алпинистите кои се обидуваат да го освојат овој светски врв.
Непалската експедиција која беше на врвот минатата година и Кинезите, која беше оваа, ја измерија новата надморска височина користејќи го Глобалниот сателитски систем за навигација (GNSS), радари за снимање на површина, скенери, антени и друга опрема што ја донесоа со себе.
Тоа беше првпат истражувачите да ја измерат висината на врвот од врвот затоа што досега тоа се правеше со традиционални тригонометриски методи.
Во Непал, ова мерење беше прашање на национална гордост, бидејќи земјата досега се потпираше на мерењата на експерти од странство.