Можно ли е Самсунг да ја откаже продажбата на својот Galaxy Fold

Иако Самсунг почна да прима нарачки за својот телефон на превиткување Galaxy Fold, сепак од менаџментот велат дека датумот на испорака е неизвсен. Дали тоа Самсунг се откажува од неговото производство?

Кога корејскиот производител на електроника пред некое време го најави телефонот со револуционерна опција на екран на превиткување, очекувањата беа огромни, но како поминува времето – плановите не се остварија според очекувањето.

Всушност, по објавите на тестните корисници во кои велат дека телефонот по одредено користење покажува проблеми со екранот, тој едноставно престанувал да работи, од Самсунг решија да “повлечат рачна кочница”.

Производителот до корисниците кои се пријавија како преткупувачи на Galaxy Fold прати мејлови во кои велат дека доколку до 31 мај не го добијат телефонот, автоматски нарачката се откажува.

Иако во мејлот појаснуваат дека работат на решавање на проблемите што се појавиле, додаваат дека официјален датум не постои сè уште.

Плановите на Самсунг да се произведат барем милион примероци од телефонот – кој според цената од 2000 долари не е воопшто ефтин – најверојатно нема да се остварат.

Претходна Занимливости за светот и патувањата
Следна 13 мај, денот кога во 1950 се заживеа Формула 1

Награден напис

Apple патентираше нова верзија на iPod

Apple неодамна поднесе барање за патент за уред многу сличен на iPod. Уредот е наменет …

Valve развива нова Counter-Strike игра, која се очекува наскоро

Поминаа повеќе од десет години од објавувањето на Counter-Strike: Global Offensive, а сега Valve се …

Don`t copy text!