Познато е дека пробиотичките јогурти можат да помогнат во смирување на стомачните проблеми, но сега научниците тврдат дека откриле дека ја зголемува и плодноста.
Имено, научници од Технолошкиот институт од Масачусец, откриле дека глувците кои секојдневно јаделе јогурт имале за 5% потешки тестиси отколку глувците кои не јаделе, и до 15% потешки тестиси отколку оние глувци кои јаделе неквалитетна храна (junk food).
Освен тоа, овие глувци многу побрзо и полесно ги оплодувале своите женки и имале повеќе потомци. Резултатите од истражувањето би можеле да имаат импликации и на човечката плодност, а научниците ќе истражуваат дали консумирањето јогурт може да се поврзе со квалитетот на спермата кај мажите.
До интересното откритие научниците дошле сосема случајно, додека ги истражувале ефектите на јогуртот врз дебелината. За да докажат дека консумирањето јогурт може да го спречи таложењето на вишок килограми во зрелата доба, тие на глувците им давале јогурт со вкус на ванила.
Глувците кои јаделе јогурт биле послаби, имале поголеми тестиси, и биле склони кон перчење и вообразеност. Консумирањето пробиотски јогурт ги направило глувците поголеми заводници, а освен тоа, особено женките, имале погусто и посјајно влакно.