Може ли недоволното спиење може да го скрати животниот век?

  •  

На почетокот на XX век возрасна личност во САД спиела во просек девет часа. На почетокот на XXI век тој просек е сведен на седум часа ноќно спиење. Во минатите векови процесите на будење и на спиење биле поврзани со Земјината ротација; луѓето дење работеле, а ноќе спиеле. Но со развојот и ширењето на вештачкото светло (од телевизија, компјутери, смартфони, лаптопи), часовите на будност се продолжени. Кон ова придонесуваат и стимуланси како кофеинот. Заради тоа, обрнете внимание на тоа на кој начин неспиењето може да биде кобно за вас.

Може да направите сообраќајна несреќа. Годишно, само во САД се случуваат над 100 000 сообраќајни несреќи. Од нив, околу 1500 се со смртни последици или со трајни повреди. Во многу случаи причината за несреќа е токму недостаток на концентрација предизвикана од недоволно спиење.

Може да доживеете несреќа на работното место. Работата е несомнено нешто што го извршуваме секојдневно. Недоволното спиење може да влијае на ефективноста и на работниот учинок, што може да доведе до губење на работното место. Во најлош случај, ако работите со машини или возите автобус може да се повредите или убиете и себе и други.

Ќе станете раздразливи, депресивни и склони кон суицидални мисли. Сонот е од витално значење за нормално функционирање на организмот, како на физичко така и на психичко ниво. Ако не спиете доволно тоа може да се одрази на вашето психичко здравје, да ги загрози меѓучовечките односи и во екстремни случаи да доведе до самоубиство.

Може да се здебелите. Дебелината е еден од главните здравствени проблеми во развиениот свет. Доведува до прерана смрт заради проблеми како мозочни и срцеви удари. И додека ова дефинитивно е потенцирано од лошите прехранбени навики, и недоволното спиење игра голема улога. Истражувањата покажуваат дека недоволното спиење го намалува нивото на хормонот лептин кој е одговорен за регулирање на апетитот, со што се зголемува чувството на глад.

Може да развиете дијабетес. Постојат докази дека недоволното спиење може да доведе до промени во метаболизмот кои предизвикуваат дијабетес. Дијабетесот е поврзан со зголемено ниво на шеќер во крвта. Може да предизвика слепило, а се поврзува и со други проблеми кои можат да го загрозат животот, како срцев удар, болести на бубрезите и други. Дијабетесот може да го скрати вашиот животен век.

Копирањето на содржината е забрането!