Иако личи на пикапот на Кен Блок Ford F-150 Hoonitruck, ова мало возило нема никаква допирна точка со него и неговите автомобили за дрифтање.
Основата на автомобилот е Honda N-600. Творецот на овој можеби најмал пикап е Алекс Сеинт. Оригиналниот мотор на Хонда го сменил со доработен мотор на Suzuki GSX-R 1000.
Во денешно време автомобил со 190 ks и не е нешто возбудливо, но кога ќе се напомене дека тие 190 ks се вградени во возило што е тешко само 454 килограми тогаш тоа е нешто друго. Односот на моќта на моторот со тежината дава многу подобар сооднос од брзинците BMW M5 или Ферари 458. Заради тој одличен сооднос на сила на моторот со тежината на возилото 402 метри се поминуваат за само 12,4 секунди.
https://youtu.be/wghCO0OQ51c
Награден напис
Mercedes-Benz Sprinter трансформиран во луксузна канцеларија
Познатата тјунинг куќа Klassen го претвори Mercedes-Benz Sprinter во луксузна мобилна канцеларија која е опремена …
Маестралниот Верстапен славеше во Мајами
Холандскиот возач Макс Верстапен славеше на Големата награда на Мајами во петтата трка од сезоната …