Ричард Бренсон e милијардер, филантроп, основач на Virgin Records, сопственик на Virgin Galactic и еден од најбогатите луѓе на планетата. Покрај истражувањето на вселената, реши да ги истражува и океаните. Бренсон кој со години го води Ocean Unite ќе му се придружи на Фабијан Кусто, внукот на познатиот истражувач на океаните Жак Кусто и заедно ќе ја истражуваат мистеријата на сината дупка во океанот кај Белизе.
На екипата на Брансон и Кусто ќе им се придружи и здружението Aquatica.
Експедицијата Blue Hole Belize 2018 ќе биде емитувана во живо на каналот Дискавери.
Големата Сина дупка никогаш комплетно не била мапирана и идејата на оваа експедиција е да се дадат одговори за тоа што има на дното на оваа таинствена пештера.
Тимот на истражувачи ќе има и посебно осветлување кое ќе им овозможи да го видат и доживеат тоа што е на дното на пештерата. На располагање ќе им бидат и два помошни брода што ќе им овозможат комплетна логистика.
Големата Сина дупка е нешто за кое истражувачите веруваат дека претставува најдлабока дупка од овој тип на светот. Оддалечена е 100 километри од Белизе, широка е скоро 300 метри, а длабока скоро 125 метри.
Се верува дека некогаш била голема пештера, но како што океаните почнале да растат пештерата е наполнета со вода создавајќи голема подводна пештера.
Големата Сина дупка е заштитена од UNESCO и претставува дел од големиот корален гребен кај Белизе.
Награден напис
Во американските болници, Гугл тестира медицински четбот со вештачка интелигенција
Според The Wall Street Journal, Google веќе ја тестира својата технологија за разговор со вештачка …
Мета подготвува ривал на Твитер
Мета го претстави својот претстоен ривал на Твитер на своите вработени, а изгледот на апликацијата …