Мик Шумахер чекори кон Формула 1

Мик Шумахер, 19 годишниот син на легендарниот Формула 1 возач Михаел Шумахер, се подготвува викендов во Хокенхајм да ја освои својата прва голема титула во кариерата, освојување на престижната европска Формула 3. Малиот Шумахер со години нема освоено ниту една титула, дури ни како картинг возач. Најголеми успеси му беа освојувањата на вторите позиции во италијанската и германската Формула 4, второ место во светското картинг првенство, но за еден шампион во најава тоа баш и не е доволно.
Сепак Мик Шумахер во Формула 3 почна да покажува одлични резултати. Има 49 поени предност пред Ден Тиктум. Со тоа влегува со предност и конечно му се насмевнува освојувањето на титулата во Формула 3 првенството.
Интересно е тоа што доминацијата на “Мини Шуми” како што го нарекуваат во Германија, не можеше да помине без контроверзи. Неговиот најголем ривал Тиктум ја обвини неговата екипа дека правеле промени на неговиот болид што не биле дозволени.
И покрај тоа, Шумахер пред трката во Хокенхајм има доволно за да му биде одобрена суперлиценцата за влез во Формула 1. Со сигурност може да се каже само дека Формула 2 му е следна во кариерата.
Останува да ја следиме неговата кариера.

Претходна Samsung Galaxy A9, првиот смартфон со 4 задни камери
Следна Траумите на Роналдо не престануваат

Награден напис

Force Citiline е индиски теренец со 10 седишта

Форс Моторс е индиски производител на автомобили основан во 1958 година под името Bajaj Tempo …

Мансори го претвори Mercedes G-Class во „купе“

Mansory планира да произведе само осум примероци, а секој клиент може детално да го специфицира …

Don`t copy text!