Меси не застанува – си постави шест нови предизвици

  •  

Лионел Меси, човекот кој не престанува да изненадува и во моментот прворангираниот фудбалер по бројот на индивидуалните признанија, по добивањето на шестата по ред Златна топка, најави најмалку шест предизвици кои ќе му бидат водилка во преостанатиот дел од кариерата.

Првите два и можеби најважните предизвици се освојувањето на титулата во Лигата на шампиони како капитен и да триумфира со аргентинската репрезентација во престижниот Копа Америка.

Третиот предизвик е да го стигне Генто по бројот на титули во Ла лига, да го надмине бројот 12.

Четвртиот предизвик е да го надмине Телмо Сара по бројот на Златни копачки во шпанското првенство, двајцата во моментот имаат по 6.

Петтиот предизвик е престигнување на пензионираниот Чави по бројот на одиграни натпревари во дресот на Барселона. Треба да го надмине бројот 767 на легендарниот Чави.

И на крај последниот предизвик е надминување на рекордот на Пеле на постигнати голови на првенства, за што му се потребни 29 погодоци.

Останува да видиме што од сето ова Меси ќе испорача.

Копирањето на содржината е забрането!