Меси го собори рекордот на Пеле за постигнати голови

Ѕвездата на Барселона, Аргентинецот Лионел Меси го надмина славниот Бразилец Пеле по бројот на постигнати голови за еден клуб.

Меси во саботата се изедначи со легендарниот Пеле со голот против Валенсија, кој водеше до 643 голови, а во вторникот навечер постигна гол и против Реал Ваљадолид и стана апсолутен рекордер по бројот на голови за еден клуб. Аргентинецот постигна 644 голови во дресот на Барса.

Триесет и тригодишниот Лео беше стрелец на третиот гол на Барса откако со пета убаво му асистираше Педри, а голманот Џорди Масип беше целосно немоќен.

Меси беше креатор на првиот гол, а овојпат реализацијата му припадна на Мартин Брајтвајт.

Исто така, во продолженијата одличниот фудбалер погоди статива.

Да потсетиме, Пеле постигна 643 погодоци во 19 сезони играни за Сантос помеѓу 1956 и 1974 година.

Меси го постигна својот прв гол за Барселона во 2005 година, десет пати беше шампион на Шпанија и четири пати ја освојуваше Лигата на шампионите. Неговиот договор со каталонскиот клуб истекува на крајот на сезоната, а тој може да преговара со други клубови во јануари.

Во август оваа година тој се повика на клаузула во договорот со намера да го напушти клубот, но Барселона одби и инсистираше на обештетување од 700 милиони евра, па тој остана на стадионот „Камп Ноу“.

Претходна Новата луксузна мини подморница може да нурка до длабочина од 1.000 метри
Следна Ви го претставуваме Мекларен Сејбр со моќност од 824 коњски сили, помоќен од моделот Сена

Награден напис

Римац Невера постави нов брзински рекорд за возење во рикверц!

Откако последователно соборуваше светски рекорди, Римац Невера сега почна да се менува. Хиперавтомобилот Rimac Nevera, …

Првите снимки на универзумот од европскиот вселенски телескоп Еуклид

Европскиот вселенски телескоп Еуклид денеска ги објави своите први снимки, откривајќи блескава маглина во облик …

Don`t copy text!