Ако сакате класичен и луксузен автомобил и имате длабок џеб, a не сакате да останете без модерната технологија, тогаш „Mercedes 600 Pullman“ е вистинскиот избор за вас.
Тоа е всушност, Мерцедес 600 Пулман од 1975 г., кој беше изменет во одделот за класични автомобили на Мерцедес. Преработен е според спецификациите за седани на Мејбах, кои беа во продажба во тоа време.
Првобитно бил понуден продавач од Германија, за подоцна да се нуди на продажба преку холандскиот изложбен салон „Auto Leitner“. Цената е само 2,15 милиони евра.
Процесот на модификација на седанот траел седум години, од 2007 до 2014 година. Мерцедес 600 Пулман доби нови кожни седишта со функции за греење и ладење, модерна климатизација, сателитска навигација, Bluetooth конекција, фрижидер, Dolby систем за звук и DVD плеер.
Немаше механички промени, па луксузниот автомобил сè уште се напојува со M100 6.3-литарски V8 мотор кој развива 250 КС. Потребни се нешто повеќе од 10 секунди за да се забрзаат од 0 до 100 км на час
Мерцедес наскоро ќе ја претстави новата S класа. Познато е дека ќе ја видиме и верзијата Maybach, но не е познато дали тоа ќе биде Mercedes-Maybach S-Class Pullman.