Принципот по кој се водеа од Мерцедес, “ако можат мама и тато, зошто не би можело и детето”, ја произведе количката за бебиња што ја изработија од Хартан, производител на детски колички. Инаку, дизајнот според кој ја изработија е добиен директно од дизајнерското студио на Мерцедес. Тркалата се направени според дизајнот на луксузната С класа на АМГ.
Вкупната тежина на количката е 8,9 килограми. Изработена е од алуминиум, а се употребени материјали што овозможуваат количката да може да се користи во сите временски услови.
Цената сè уште не е позната, но со сигурност ќе биде репрезентативна за името на дизајнерот и на производителот.
