Американскиот актер, режисер и продуцент Мел Гибсон ќе го режира филмот „Lethal Weapon 5“.
Фановите на една од најпознатите франшизи во историјата на Холивуд имаат причина за славење, бидејќи дефинитивно ќе го видат петтиот дел. Смртта на Ричард Донер, режисерот на франшизата, го запре развојот на петтиот филм, но улогата сега ја презеде Мел Гибсон. Тоа беше барање на Warner Bros. која имаше јасен став „Мел Гибсон или никој“.
Гибсон е особено приврзан за „Lethal Weapon“ и рече дека Мартин Ригс и Роџер Мурто повторно ќе се сретнат во заеднички авантури.
Сценариото е напишано од Ричард Венк.
„Ова е одлично, имаме добро сценарио кое почнуваме да го развиваме. Донер го напиша со Венк, тие имаа добра база. Откако тој почина, имав чест да седнам со писателот и да го адаптирам сценариото на го знаеше духот што Донер би го посакал“, рече Гибсон.
Тој потврди и дека Доналд Гловер, познат и како Чајлдиш Гамбино, ќе биде дел од актерската екипа.
„Веројатно ќе започнеме со снимање во првиот квартал на 2023 година“, додаде Гибсон.