Мајкрософт со Андромеда влегува во битката на телефони со екрани на преклоп

Битката за мобилни телефони со екран на преклоп сè повеќе се вжештува. Се зголемува бројот на учесници со свои модели.
Мајкрософт со моделот Андромеда реши да се приклучи со желба да земе дел од колачот наречен – пазар на мобилни уреди.
Податоци за Андромеда скоро и да нема. Единствено се знае дека кога ќе се преклопи, уредот ќе се однесува како мобилен телефон, а кога ќе се отвори целата големина на екранот ќе ја има функцијата на таблет. Се знае дека ќе го користи Windows оперативниот систем за телефони и се навестуваат подобрувања во самиот оперативен систем.
Официјално се наведува дека Андромеда ќе се појави во 2019 година заедно со новата верзија на конзолата за играње Xbox One, подобрените Surface лаптопи со AMD процесори наместо Intel.

Претходна Осумгодишно девојче од Јапонија е новата интернет ѕвезда
Следна Во Кина започнува изградбата на првата подводна метро мрежа

Награден напис

Apple патентираше нова верзија на iPod

Apple неодамна поднесе барање за патент за уред многу сличен на iPod. Уредот е наменет …

Valve развива нова Counter-Strike игра, која се очекува наскоро

Поминаа повеќе од десет години од објавувањето на Counter-Strike: Global Offensive, а сега Valve се …

Don`t copy text!