Мајами ќе дозволи употреба на биткоин за привлекување на технолошки компании

Мајами се обидува да прифати биткоин во својата деловна активност. Таквиот потег може да привлече технолошки компании и да му донесе на градот профит, рече градоначалникот Франсис Суарез.

Градската комисија одобри, на предлог на градоначалникот, биткоинот да се користи за исплати за градските работници, а жителите и компаниите одобрија да плаќаат такси и даноци со криптовалута.

„Мајами се обидува да стане еден од најнапредните технолошки градови во земјата”, рече Суарез во телефонското интервју за Ројтерс.

Иако првичниот чекор вклучува наоѓање компанија која ќе ги олесни трансакциите со криптовалути, градоначалникот сака да инвестира одредени количини на буџетски средства во биткоин.

„Цврсто верувам дека кога и ако Амазон и Епл го прифатат биткоинот како модел на плаќање, работите ќе се забрзаат, бидејќи во тој момент зборуваме за многу голем број на трансакции што можат да користат биткоин. Ние само сакаме да бидеме на врвот и пред другите кога станува збор за криптовалутите “, заклучи Суарез.

Претходна Помладото можеби е послатко, но постарото значи и поискусно!
Следна ZAYN – Dusk Till Dawn

Награден напис

Археолозите ја пронајдоа досега најстрашната гробница во Египет

Археолозите неодамна јужно од Каиро открија гробница стара 2.500 години, исполнета со бројни магични изреки …

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Don`t copy text!